Група музичари во Велика Британија за да привлечат внимание на економските проблеми со кои се соочуваат поради ограничувањата предизвкани од кризата настаната поради коронавирусот (Ковид-19) и да добијат поддршка од Владата, во Лондон организираа протест со музика, јавува Агенција Анадолија (АА).

Музичарите се собраа пред Собранието во рамките на настанот што ја нарекоа „Да живее музиката” (Let Music Live).

Поради економските проблеми што ги доживуваат за време на пандемијата, тие со музика привлекоа внимание на максималната поддршка од 20 проценти дадена на независни професионалци.

Потоа, имаше двеминутен молк, со цел да истакнат дека речиси половина од музичарите не добиваат поддршка.

На протестот се почитуваа мерките против ширњето на Ковид-19.

Во изјава за АА, музичарите истакнаа дека бараат Владата да ги подржи нивните барања.

Anadolu