Демонстрантите во Киргистан, кои протестираат против резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври, ги окупираа Претседателската палата, како и зградата на Парламентот, што се наоѓа во оваа палата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Поддржувачите на 12 партии кои не го поминаа изборниот праг од 7 отсто, на плоштадот „Ала-Тоо“ во киргискиот главен град Бишкек одржаа протест со барање да се поништат резултатите од изборите.

Полицијата користеше солзавец и звучни бомби со цел да ги отстрани демонстрантите, чија бројка изнесуваше над 5.000.

Демонстрантите користеа камења и палки, а со возилата на противпожарните служби и на комуналната хигиена налетаа на полицајците. Откако полицијата се повлече, демонстрантите ги окупираа Претседателската палата, како и зградата на Парламентот, што се наоѓа во оваа палата.

Во настаните повредени се над 100 лица.

Демонстрантите извикуваа пароли како „Ја презедовме Претседателската палата“ и „Алмазбек Атамбајев и Садир Џапаров треба да бидат ослободени“.

Anadolu