Иран подготви план за мирно решавање на конфликтот во Нагорно Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи на таа земја, Саид Хатибзаде.

„Од почетокот на конфликтот, Иран им рече на двете страни дека нема да го реши овој долгогодишен спор со воени средства. „Почитувајќи го територијалниот интегритет на Азербејџан и неопходноста од повлекување на армијата од окупираните градови, нагласуваме дека воениот конфликт треба веднаш да се запре за да се започне сеопфатен дијалог“, изјави тој.

Иран подготви детален план во овој поглед врз основа на споменатата база.

„Ќе се реализира во рамките на консултациите со двете земји и со земјите од регионот“, рече Хатибзаде, како што објави агенцијата Мехр.

Детали за планот не се откриени.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф неодамна разговараше за ситуацијата во Нагорно-Карабах со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тие изразија загриженост за трансферот на борците од Сирија и Либија во регионот и повикаа на итен прекин на огнот и деескалација.


Dubai-Portal

Sputnik