Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека должност на секоја чесна држава е да ја поддржи борбата на Азербејџан за ослободување од окупираните региони, јавува Агенција Анадолија (АА).
По повеќечасовната седница на кабинетот, турскиот претседател Ердоган имаше обраќање до нацијата и рече дека Турција со грижлива работа и решителен став ја користи секоја прилика во актуелната пресвртница на глобалниот систем да заземе важно место кое и припаѓа.
Коментирајќи ја пандемијата на Ковид-19, Ердоган рече дека Турција води посветена борба со јакнење на здравствените капацитети и мерки на превенција кои донесуваат резултати.
Тој рече дека Турција издвоила значителни средства и за помош на вработените, невработените, а посебно на социјално загрозените категории на населението и најави почеток на настава во училиштата и за учениците од друго, трето, четврто и осмо одделение во основните и четврто одделение во средните училишта, кои досега наставата ја слушале исклучиво во онлајн формат.
„Почнуваме и поделба на бесплатните таблет компјутери за 500.000 ученици”, рече Ердоган.
Коментирајќи ги и судирите во Нагорно Карабах, Ердоган повтори дека Турција со сето срце и можностите го поддржува Азербејџан во неговата борба за ослободување на регионите кои се под окупација на Ерменија.
Тој рече дека земјите, како САД, Франција и Русија, под покровителство на ОБСЕ пред речиси три децении ја формирале Минск групата, но дека таа не донела решение за кризата, туку го осудила прашањето на Нагорно Карабах на нерешливост.
„Должноста на секоја чесна држава е да ја поддржи борбата на Азербејџан за ослободување на окупираната територија”, рече Ердоган и додаде дека Ерменија не е само окупатор на азербејџанската територија, туку да врши и злосторства над цивилите на азербејџанските региони.
„Нема мир за човештвото, додека светот не се спаси од разбојничките држави и нивните бандитски власти. Такви, од Израел и Јужен Киар до сирискиот режим, ги злоставуват сопствените народи и ја реметат стабилноста во светот”, рече Ердоган.










