Според белградските медиуми, министерот за финансии Синиша Мали и помошникот министер за одбрана за материјални ресурси, Ненад Милорадовиќ заминале во Турција.

Како што се наведува, тие треба да ја подготват целата документација и договорот врз основа на кој еден од најмоќните борбени системи на беспилотни летала во светот ќе пристигне во Србија.

„Бајрактар“ е систем на турско производство што се покажа како исклучително ефикасен во воените конфликти во Сирија, Ирак, Либија, но и во неодамнешните судири во Нагорно Карабах.

Да потсетиме, министерот за финансии, Синиша Мали, во петокот престојуваше во Турција, каде разговараше со претставниците на таа земја за отворање на голема индустриска зона во Србија.


Dubai-Portal

B92