Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека ја напушта болницата по три дена и дека „се чувствува навистина добро“.

„Го напуштам одличниот медицински центар Валтер Рид денес во 6:30 часот. Се чувствувам навистина добро!“, напиша Трамп на Твитер.

“Не плаши се од Ковид. Не дозволувај тоа да доминира во твојот живот”, продолжи тој.

„Не се плашете од коронавирусот. Не дозволувајте да доминира во вашиот живот. Под администрација на Трамп се развија навистина одлични лекови. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години“, додава тој.

Сепак, иако се чини дека здравствената состојба на Трамп се подобрува, ситуацијата во неговата администрација тешко се стабилизира.

TV21