БАКУ (АА) – Азербејџанците го слават ослободувањето на некои населени места што беа окупирани од страна на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Улиците низ цел Азербејџан се украсени со државни знамиња и се слави успехот на народната армија.

Воени возила со звучници дефилираат низ улиците, информирајќи за местата ослободени од окупација.

Воените возила со овации и радост се пречекани на сите улици низ кои минуваат.

Азербејџанците кои беа излезени на улиците ги извикуваа слоганите „Најдобри војници се нашите војници“, „Карабах е наш, ќе биде наш“ и со ракоплескање ги поздравуваа војниците.

Азербејџанската Војска вчера од окупација ослободи 8 населени места и во центарот на Суговушан (Мадагиз) постави знаме на Азербејџан.

Anadolu