Белорусија: Полицијата повторно растерува демонстранти со водени топови

by Administrator

Полицијата во Белорусија повторно употреби водени топови за растерување на демонстрантите кои денеска се собраа на протест на улиците во Минск.

Како што пренесуваат локалните медиуми, белоруската полиција користела водени топови поставени на оклопно возило, а оваа вест ја пренесе и руската новинска агенција Интерфакс.

Tens of thousands rally in Minsk, police use watercannon | Cyprus Mail

Илјадници демонстранти се собраа денеска во Минск да бараат ослободување на политичките затвореници.

Протести во Белорусија се одржуваат од претседателските избори на 9 август кога, според официјалните податоци, победи долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, додека опозицијата тврди дека изборите биле наместени.

Slobodenpecat

You may also like