БАКУ (АА) – Преседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера имаа телефонски разговор во кој станало збор за судирите на линијата на фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави Претседателството на Азербејџан се наведува дека Макрон го побарал Алијев, изразувајќи му ја својата загриженост поради судирите, и дека упатил повик за обезбедување примирје и за одново започнување на преговорите.

Претседателот Алијев навел дека во нападите на ерменската Војска со силен артилериски оган врз населените места животот го загубиле 19 азербејџански цивили, повеќе од 60 лица се ранети, а стотици куќи се урнати.

Алијев истакнал дека азербејџанската Армија спровела операција за контранапад во кој успеала да ослободи дел од окупираните територии, потенцирајќи дека администрацијата од Ереван, преземајќи чекори за прекинување на преговарачкиот процес, му задала силен удар на процесот.

Азербејџанскиот претседател потенцирал дека за нарушувањето на преговарачкиот процес и за започнувањето на судирите виновна е администрацијата на Ереван.

Anadolu