Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, учествуваше на церемонијата на отворање на Градската болница во турскиот град Коња, јавува Агенција Анадолија (АА).
На отворањето претседателот Ердоган се осврна на дневнополитичките случувања во светот и во регионот.
„Соединувајќи ги кризните точки кои се протегаат од Сирија, преку Медитеранот до Кавказ, добивате слика на обид за опсада на Турција“, рече Ердоган.
Турскиот претседател посочи дека во целиот тој план, од една страна го бранат територијалниот интегритет на земјата и единството на народот, а од друга страна, прават чекори со кои ги разбиваат обидите за опсада на Турција.
Во своето обраќање, Ердоган, зборувајќи за ситуацијата во Источен Медитеран, рече дека оние кои со закани и уцени не успеале во остварувањето на своите планови во Источен Медитеран, принудени се да го послушаат повикот на Турција за дијалог.
Ердоган за ситуацијата во Сирија рече дека оние кои се обидуваат да бидат закана за Турција во таа земја, треба да сфатат дека се осудени на неуспех.
За судирите меѓу Азербејџан и Ерменија, претседателот на Турција истакна дека борбата на Азербејџан ќе трае сѐ додека Нагорно Карабах не биде ослободен од окупацијата.
Anadolu








