Хикмет Аџиев, советникот на претседателот на Азербејџан, соопшти дека имаат информации оти грчки државјани со ерменско потекло ќе дојдат во окупираните региони на Азербејџан за да војуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На прес-конференцијата Хаџиев се осврна на тоа дека Ерменија ќе носи борци од странство.

Изјавувајќи дека имаат информации дека Ерменците од некои западни земји ќе дојдат да се борат против Азербејџан како борци и платеници, Хаџиев додаде:

„Имаме информации дека особено грчки граѓани со ерменско потекло ќе дојдат во окупираните азербејџански региони и ќе војуваат. Ние тие држави ги повикуваме да се држат настрана од провокациите кон Азербејџан и да преземат соодветни мерки.“

Хаџиев, обраќајќи се на странските новинари кои работат во областите каде што се наоѓаат ерменските сили, рече дека тие се наоѓаат на нелегално окупираните области.

Изјавувајќи дека Ерменија намерно странските новинари ги носи во местата каде што се случуваат конфликтите, Хаџиев рече дека за безбедноста на нивните животи е одговорна администрацијата на Ереван.

Anadolu