БАКУ (АА) – Ерменската војска продолжува со артилериските напади врз азербејџанските населени места во пограничниот појас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската артилерија гаѓала населби во азербејџанските региони Џебраил, Фузули, Горанбој, Тертер и Агдам.
„Изведувањето на нападите и намерното убивање на цивили во воените операции е воено злосторство. Затоа се одговорни властите и Ерменија“, соопшти официјалниот претставник на Кабинетот на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџијев.
Тој изјави дека ерменските сили извршуваат напади врз азербејџанските населби од подрачјата на окупираната територија во Нагорно Карабах, но и од територијата на Ерменија.
Ерменските сили во неделата изутрина започнаа нови напади врз азербејџанските населби и позициите на азербејџанската војска, а азербејџанските сили одговорија со контранапади врз ерменските позиции.
Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан прогласија воена состојба за 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку.
Од 1991 година ерменската војска нелегално го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно признатата територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.
Anadolu










