Претседателот Стево Пендаровски денеска на средба со преставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, истакна дека даде поддршка за иницијативата за измените да содржат одредби со кои нападите врз новинари ќе бидат третирани како кривични дела.

„Медиумските слободи, условите во кои работат новинарите и медиумските работници се прашања за кои е потребно постојано да дискутираме и да работиме на нивното унапредување.

На денешната средба претставниците на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ме информираа за иницијативата на која работат заедно со останатите релевантни медиумски организации за измени на Кривичниот законик.

Дадов поддршка на нивната иницијатива измените да содржат одредби со кои нападите врз новинари и медиумски работници ќе бидат третирани како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук.

TV21