Баерн продолжи да доминира во Германија. Баварците стигнаа до нов трофеј откако во Суперкупот ја совладаа Борусија Дортмунд со 3: 2.
Актуелниот европски шампион поведе со головите на Толисо и Милер од 2: 0, но Милионерите успеаја да се вратат во живот и да изедначат преку Брант и Халанд.
Триумфот за Баерн го обезбеди Кимих со погодок во 82-та минута.
Баварците минатата сезона ги освоија Бундеслигата, Лигата на шампионите и Купот на Германија, додека во изминатите седум дена освоија уште два трофеи – Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа.










