„Копнеам да дојдам во својата татковина и да го посетам семејството и сите блиски роднини. Нели е срамота да чекаме по 6-9 месеци, а вие вака да се однесувате со нас?“, посочи Џиват Руфати.

Џиват Руфати од 28 јануари годинава чека да добие пасош од македонската Амбасада во Берлин, но досега без успех.

„На крајот на март дојдоа од Македонија да нѐ фотографираат, да ни земаат отпечатоци. Мене никој не ми кажа дека дошле и дека можам да одам да се фотографирам, иако бев пријавен“, додаде Руфати.

Доцнењата од властите во Скопје, на Џиват му предизвикуваат проблем и во неговиот престој во Германија, каде уште од 2014 е барател на азил.

„Порано не ни следуваше дозвола за престој бидејќи сме осигурени од државата, но сега откако завршив училиште, се квалификував тука во Германија и ми следува дозвола за престој. Но, не можам да ја добијам, бидејќи немам пасош“, посочи Џиват Руфати.

Случајот на Џиват не е единствениот. Освен од Германија, до редакцијата на ТВ21 пристигна и поплака од Швајцарија.

„На кое ниво паднаа Амбасадите на Македонија, ниту пасоши за своите државјани не можат да обезбедат. Во Швајцарија сме и немаме никаква можност да добиеме пасош. На почетокот амбасадорот велеше дека треба да се чека 9-12 месеци. Ова е скандалозно. По неколку недели му се јавив на амбасадорот и ми одговори дека амбасадата не издава пасоши!“

Токму поради оваа проблематика, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска им ги врачи решенијата на дипломатите и конзуларните референти кои се членови на мобилните екипи за патни испрати, со што итно се упатуваат до Државно конзуларните претставништва.

„Нивната задача е да вложат и дополнителен напор со цел за време на нивните посети на Конзуларните претставништва да дојдат и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги“, посочи Бујар Османи.

Од МНР велат дека екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и Минхен, а потоа, според распоредот се упатуваат и во останатите центри каде постои потреба. Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање патна исправа ќе бидат известени од страна на нашите Државните конзуларни претставништва.

Појаснуваат дека реализацијата на акциониот план за 2020 година делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија и ветуваат дека ќе продолжат со напорите за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои почнувајќи од 2 октомври до 9 ноември годинава започнуваат со реализација на акциониот план.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=2ISjH-1geok[/embedyt]
TV21