Од Кабинетот на претседателот на Азербејџан е соопштено дека два воени ерменски авиона вчера се уништени по удар во планина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставникот на Кабинетот на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџијев, изјави дека два ерменски авиона „Су-25“ удриле во рид и експлодирале, а дека ерменските власти на јавноста не ѝ даваат точни информации.
„Тврдењата дека турски воен авион Ф-16 срушил ерменско летало се ерменски дезинформации и потполна глупост“, изјави Хаџијев.
Тој, исто така, изјави дека на ерменските власти би им било подобро на својот народ да му откријат што се случило со нивните авиони и пилоти, отколку да се занимаваат со дезинформации и обвинување на другите.
Anadolu










