Комисијата за заразни болести дискутирала за забрзување на постапките за укинување на ПЦР тестот меѓу земјите од регионот, а за ова било дискутирано и на владина седница.

ТВ21 од доверливи извори во Влада дознава дека на состанокот се развила остра дебата околу укинувањето ПЦР тестот со соседните држави како Косово, Албанија, Србија, Бугарија и Грција.

Тв21 дознава и дека премиерот Зоран Заев е ЗА оваа препорака. Исто така министрите на ДУИ се за укинување на тестот ПЦР, но двајца министри на СДСМ се против со аргументи дека се врши притисок врз епидемиолозите и дека треба да се анализира добро одлуката за укинувањето на ПЦР тестот.

TV21