Израелски воен суд осуди палестински малолетник од местото Џенин во окупираниот Западен брег на пет години затвор.
Самер Абдул Карим Аваис е 17-годишен Палестинец, кој беше уапсен од израелските сили пред повеќе од една година.
Тој беше испрашуван во тешки услови во казнено-поправниот дом Петах Тиква во последните неколку месеци. Се тврди дека тинејџерот исто така бил подложен на тортура.
Неговиот татко веќе издржува доживотна казна затвор, а неговиот син не смее да го посетува.
Братот на Абдул Карим Хасан исто така беше уапсен во 2004 година и издржува двојна доживотна казна затвор и дополнителни 20 години затвор.
Палестинската комисија за затвореници и поранешни затвореници во извештајот во април рече дека околу 200 палестински деца се држат зад решетки во израелски затвори во нехумани услови и дека ООН обезбедува минимална заштита за палестинските деца и од физичко и психичко малтретирање во израелските затвори.
Израелските сили од 2000 година уапсиле повеќе од 17.000 малолетни лица, вклучувајќи голем број деца под 10 години.
Секоја година 500 до 700 палестински деца на возраст меѓу 12 и 17 години се апсат низ окупираните палестински територии и им се суди пред израелските воени судови.








