ТЕХЕРАН (АА) – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, ги негираше наводите дека се превезувало оружје и воена опрема од Иран во Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„Иран внимателно ги проверува производите што минуваат низ неговите граници и ги спроведува потребните инспекции. Иран нема да дозволи неговите граници да се користат за пренесување оружје и муниција“, рече Хатибзаде на новинарско прашање во врска со наводите дека од иранската граница се превезувало оружје и воена опрема во Ерменија.

Како што рече, меѓу Иран и соседните земји продолжува транспортот на производи кои не се од воена природа, како и досега.

Хатибзаде додаде дека во камионите, кои наводно превезувале оружје, наоѓале трговски производи.

 

Anadolu