Ерменија започна со разместување на ракетните системи „С-300“ од Ереван кон регионите во кои операциите ги спроведува азербејџанската Војска, соопшти шефот на Кабинетот за односи со медиуми на Министерството за одбрана на Азербејџан, полковникот Вагиф Дергали, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Располагаме со разузнавачки податоци дека Ереван ги преместува системите С-300 за противвоздушна одбрана кон нашите региони што ги држат под окупација. Ракетните системи ќе ги уништи Војската на Азербејџан штом ќе влезат во окупираните подрачја“, изјави Дергали.

Истакнувајќи дека ракетните системи „С-300“ ќе ја доживеат судбината на другата воена опрема на Ерменија, којашто ја уништи Војската на Азербејџан, Дергали изјави дека во последните судири се потврдило дека ерменските тврдења за непобедливоста на нивната војска не се ништо повеќе од обична легенда.

Ерменските сили во неделата изутрината извршија нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади на ерменските позиции.

Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан прогласија воена состојба за 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку.

Од 1991 година ерменската Војска нелегално го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно признатата територија на Азербејџан.

Четирите резолуции на Советот за безбедност на ОН и двете резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.

Anadolu