Во последните два дена, во нападите извршени од страна на ерменската Армија врз Азербејџан животот го загубија цивили, а исто така беа оштетени и многу куќи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ерменската Армија ги концентрираше своите напади претежно во регионите Тертер и Агдам, каде што се оштетени голем број куќи.
Новинарите на АА, кои се во регионот, ја забележаа штетата предизвикана од нападите на ерменските сили.
Во селото Мирешели, во регионот Агдам, голем број куќи се погодени од куршумите на ерменските војници.
Азад Агајев, жител на селото, за Агенција Анадолија изјави дека нивното село било под интензивни напади.
Агајев, исто така, истакна дека ерменските сили не биле во можност да се справат со азербејџанските војници и затоа ги нападнале цивилите.
Посочувајќи дека и покрај нападите не ги напуштиле своите домови, Агајев рече дека има доверба во Армијата на Азербејџан.
Како резултат на нападите на Ерменија, 6 цивили, меѓу кои жени и деца, ги загубија животите, а околу 30 цивили се ранети.
Anadolu










