Струшките села Горно и Долно Татеши и ова лето останаа без вода. Велат дека со проблемот со снабдувањето со вода се соочуваат 20 години.
Се случува дневно да имаат по два часа вода, ни минута повеќе. Еден од жителите, за ТВ21, разочаран вели дека има добиток и дека водата му е неопходна.
Не очекува дека нешто ќе се подобри. Како што вели, полошо може да биде, а подобро не.
„Во Долно Татеши немаме вода и тоа претставува голем проблем, скоро еден месец кај мене, долу во селото нема ниту капака вода. Имам овци, а немам воопшто вода“, вели жител.
„Од 2000 година немаме вода, суво е и почвата без вода и вештачки не може, ние не држиме ништо“, посочува жител.
„Моментално нема, фактички ние веќе три месеци немаме вода. И самото претпријатие знае дека немаме вода и како се користи водата. Не знам како, но кај нас нема“, додава жител.
Претседателот на месната заедница на Горно Татеши, Петрит Ала, рече дека веќе со години се без вода. Кога е време на избори сите им ветуваат и заминуваат, и тука приказната завршува.
„Пет месеци имаме вода, шест немаме, ова е состојбата во Горно Татеши. Доставивме барање, тие дојдоа, видоа, но не реализираа ништо. Полошо може, а подобро не“, вели Петрит Ала.
Од Јавното комунално претпријатие, Водовод и канализација, велат дека последните денови имале проблем со водата во Татеши бидејќи ЕВН работи кај изворите во село Шум и има прекин на електричната енергија. Поради тоа не работеле и пумпите за вода.
„За Татеши едно време најдовме решение, се снабдуваше од село Ложани. Долг период немаше проблеми во Татеши, но ова лето имаме проблеми и тоа е поради сушата, зима без снег, есен без дожд, суво лето и целиот проблем е од времето. Техничките проблеми ние како претпријатие 80% ги решивме, екипите се на терен и дефектите ги санираме на време“, посочуваат од Јавно комунално претпријатие, Водовод и канализација.
Жителите велат дека ги плаќаат сметките иако во текот на летото немаат вода. Проблем со снабдувањето со вода за пиење имаат некои делови од Општина Струга, Градот и околните села.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=XVKAvdx9uKM[/embedyt]
TV21









