Азербејџанската армија од ерменската окупација ослободи шест села

by Administrator

Азербејџанската армија ослободи неколку села во контранапад организиран откако ерменските сили ги нападнаа азербејџанските населби, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на азербејџанското Министерство за одбрана, потполковник Анар Ејвазов изјави дека селата Караханбејли, Гервенд, Кој Гередиз и Горњи Абдурахманли се наоѓаат во областа Фузули и Велики Мерканли и Нузгар во областа Јабраил.

Ејвазов исто така истакнал дека е постигната контрола на одредени стратешки издигнувања во правец на Агдере и Муровдаг и дека се во тек операции за ослободување и на други области.

Од друга страна, Советот за безбедност на Азербејџан се состана со претседателот Илхам Алиев.

You may also like