Европската унија повика на итен прекин на воените активности и безусловно враќање на преговорите во Нагорно Карабах.
Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел рече дека последните извештаи од зоната на конфликтот Нагорно-Карабах се „сериозно загрижувачки“.
– Воената акција мора итно да се запре, со цел да се избегне понатамошна ескалација. Итното и безусловно враќање на преговорите е еден начин напред – рече Мишел.

Претседателот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Араик Артјунјан, прогласи воена состојба и мобилизација на сите граѓани на возраст над 18 години, по што Ерменија исто така прогласи воена состојба и општа мобилизација.
Од регионот пристигнуваат информации за обновените конфликти меѓу Ерменија и Азербејџан.
(Вијести.ба/Б92)










