Лидерот на Нагорно-Карабах, Араџик Харутјунијан, денес изјави дека овој регион, кој е под контрола на ерменските сили, изгубил некои позиции, односно територијата во конфликтите со армијата на Азербејџан.

Тој рече дека има жртви и ранети и меѓу војниците и цивилите.

Претходно денес, премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, изјави дека неговата влада планира да размисли за признавање на независноста на Нагорно Карабах.

(Вијести.ба / Срна)