Иранското министерство за надворешни работи повика на итен прекин на огнот и ставање крај на конфликтот и почеток на преговорите меѓу Азербејџан и Арменија.
Реагирајќи на воениот конфликт што избувна денеска меѓу двете земји во спорниот регион Нагорно Карабах, Саид Хатибзаде рече дека Иран внимателно и вознемирено ги следи воените конфликти меѓу Ереван и Баку и ги повика двете страни да покажат воздржаност.
Тој исто така повика на итен прекин на конфликтот и почеток на преговорите меѓу двете земји.
Тој изрази подготвеност на Техеран да ги искористи сите свои капацитети за воспоставување примирје и започнување дијалог.
Утрово повторно избувнаа судири меѓу Ерменија и Азербејџан, а меѓународните медијатори не направија многу во последните месеци за да ги спречат. Денес беа пријавени и цивилни жртви при размена на оган.










