Во Лондон се оддржаа масовни протести поради строгите мерки наметнати од тамошната влада. Да потсетиме, премиерот Борис Џонсон објави дека мерките може да бидат во сила шест месеци и вклучуваат охрабрување за работа од дома и порано затворање на барови и ресторани, пишува Индекс.хр.

Според „Гардијан“на протестите учествувале илјадници луѓе. Локалните власти од демонстрантите  побарале да одржат мерка за социјална дистанца.

Денешниот протест на плоштадот Трафалгар се одржува седум дена по насилните протести за време на кои ултрадесничарите ја нападнаа полицијата.

Покрај Лондон, демонстрации против мерките за коронавирус често се одржуваат и во други европски метрополи, особено во Германија.

Рестриктивните мерки силно ја погодија економијата, предизвикувајќи фрустрација и психолошки проблеми кај граѓаните.