Крилото на Твенте, Валцав Черни ја затресе мрежата на Гронинген во 11 минута, но после петминутниот преглед на снимката само судијата во ВАР собата „виде“ дека 22-годишниот Чех се наоѓа во офсајд.

Колку може да биде неверодостоен ВАР системот, најдобро се виде вечерва на натпреварот во рамките од холандската Ередивизија. Секако, ваквите спорни моменти се решаваат преку одлуките кои ги донесуваат луѓето внатре во ВАР собата, во овој случај направена е грешка, а кој знае, можеби и „намерна“, сами проценете..

За среќа на домашната екипа, таа неправда не го чинеше, бидејќи на крајот од средбата славеше со конечен резултат 3:1.

Правдата беше целосно задоволена од фактот што токму Черни го постигна водечкиот гол за 1:0.

Твенте со овие три бода изби на првото место во генералниот пласман, со бод и натпревар повеќе од Херенвен, Ајакс, ПСВ и Витесе.

SlobodenPecat