Денес, Хамас (Hamas) и Фатах (Fatah) се согласија да спроведат практични мерки за национален дијалог, што треба да започне пред 1 октомври.

Двете главни палестински фракции се согласија да постават насоки за национален договор заснован на резултатите од состанокот на високо ниво меѓу сите фракции во Бејрут (Beirut) на почетокот на овој месец. Последната средба се одржа меѓу високи претставници на Хамас (Hamas) и Фатах (Fatah) во палестинскиот конзулат во Истанбул.

Според соопштението издадено од Хамас (Hamas), лидерите на двете фракции рекоа дека се согласиле да ја соопштат официјалната визија за националниот договор на состанокот за генералните секретари на палестинските фракции под покровителство на палестинскиот претседател Махмуд Абас (Mahmoud Abbas). Средбата ќе се одржи пред 1 октомври.

Портпаролот на Хамас (Hamas), Фаузи Бархум (Fawzi Barhoum) објасни дека сите палестински фракции се согласиле да учествуваат во националниот дијалог. Тој додаде дека ја повториле важноста на народниот отпор и се согласиле да го активираат ваквиот отпор наспроти американскиот „договор на векот“, плановите за анексирање на Израел и другите обиди за оштетување на палестинската кауза

Според телевизијата Ал-Гад (Al-Ghad TV), шефот на парламентарниот блок Фатах (Fatah), Азем Ал-Ахмад (Azzam Al-Ahmad), изјавил дека Хамас и Фатах исто така се согласиле да одржат избори.


„Dubai-Portal“

„MEMO“