Бројот на починати од поплавите во Судан предизвикани од неколкумесечните обилни дождови се искачи на 124, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Повеќе од 100.000 домови се делумно или комплетно неупотребливи како последица на поплавите.

Претходно овој месец, Советот за безбедност и одбрана на Судан прогласи национална вонредна состојба за период од три месеци и го прогласи Судан за зона на природна катастрофа.

Anadolu