Апокалиптични сцени од рускиот град Балаково (Balakovo) се шират на социјалните мрежи. Снимката што се споделува покажува десетици мртви птици паднати од небото, на улиците
Првите слики од овој необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа „V kontakte“ („VK“), на страницата „Типично Балаково“, посветена на градот кој се наоѓа на околу 1.000 километри јужно од Москва и близу кој се наоѓа голема нуклеарна централа, пишува „RT“ („RT“).
Во коментарите под сликите, локалното население наведе бројни причини за тоа што може да предизвика масовна смрт на птиците.
Додека некои укажуваа на природни феномени, како што се силни ветрови, други обвинија за огномет, загадување, па дури и мрежата 5Г (5G).
Коментарот кој доби најмногу лајкови потсетува дека ТВ серијата „Чернобил“ („Chernobyl“), чија тема е нуклеарен инцидент од осумдесеттите, започнува со умирање на сите птици.
Ветеринарниот оддел на Саратов (Saratov) објави дека ги истражува причините за смртта на птиците.
Некои корисници на социјални мрежи, сепак, не им веруваат на експертите од Саратов и покануваат експерти од Москва да дојдат во Балаково за да утврдат за што станува збор.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=Ol_acXRRkzo[/embedyt]
„Dubai-Portal“
„RT“










