АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган критикувајќи го задоцнетиот одговор на Обединетите нации за покосната пандемија на Ковид-19 рече дека Обединетите нации (ОН) уште еднаш потфрлија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обединетите нации, кои го потврдија постоењето на пандемијата [на коронавирусот] неколку недели подоцна, не покажаа никаква ангажираност во смисла на преземање на потребните мерки за борба против пандемијата или за задоволување на потребите“, изјави Ердоган по состанокот на Кабинетот во главниот град Анкара.
„Обединетите нации уште еднаш потфрлија за време на епидемијата“, додаде тој.
Осврнувајќи се на неодамнешните случувања во Источниот Медитеран, Ердоган рече: „Оние што се обидуваа да ја игнорираат Турција, да ги наметнат своите тези и мапи за Источен Медитеран, [сега] се приближуваат до преговарачката маса“.
Грција се обиде нелегално да го ограничи турското поморско подрачје, обидувајќи се да го исцрта кај крајбрежјето на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.
За да се намалат тензиите, Турција континуирано повикуваше на дијалог со цел да се обезбеди праведна поделба на ресурсите во регионот.
Anadolu









