Стотици луѓе демонстрираа во центарот на Диселдорф во неделата против владините ограничувања воведени заради коронавирусот.

Луѓето мавтаа со натписи со паролите „крај на паниката, пандемијата на коронавирусот е лага“ и „бунтовници на короната“ со песни против ограничувањата.

Тие извикувале „Слобода за Џулијан Асанж“.

Не можеа да се видат никакви маски, освен новинарите што известуваа за митингот и неколку деца кои се мешаа меѓу толпата.

Полицијата не пријавила инциденти, пренесува АП.

(Вијести.ба / ФЕНА)