Крузер на финската компанија “Viking line” се насукал околу 11,50 часот крај брегот на Оландските острови, пренесува финскиот јавен сервис YLE.

Сите патници се собрани на палубата и носат елеци за спасување. Акцијата за спасување е во тек, но, како што јавува финскиот јавен сервис, нема опасност за патниците.

Крузерот патувал на линијата од Туркуу до Стокхолм, а поради пандемијата на коронавирусите, на бродот има околу 200 патници и околу 80 членови на екипажот, објави “Viking line”.

Наведено е дека, под нормални околности, при крстарење тој превезува до 2.000 луѓе.

(Вијести.ба)