Скоро половина од Американците или 49 проценти велат дека дефинитивно не би ја примиле вакцината за коронавирус доколку е достапна денес, додека 51 процент рекле дека ќе се вакцинираат, покажува истражувањето на Центарот „Пју“ („Pew“) спроведено на почетокот на овој месец, додека Претседателот на САД (USA), Доналд Трамп (Donald Trump) тврди дека до април 2021 година ќе има доволно вакцини за секого.
Испитаниците кои имаат тенденција да одбијат вакцинација го објаснуваат својот став со загриженост за можните несакани ефекти на вакцината.
Довербата на јавноста во безбедната вакцина за ковид 19 која доаѓа на пазарот значително опадна.
Во мај, во истражувањето спроведено од „Пју“ („Pew“), 72 проценти од Американците изјавиле дека ќе бидат подготвени да се вакцинираат доколку вакцината е достапна.
Само 21 процент од анкетираните Американци овој месец рекле дека дефинитивно ќе ја земат вакцината, пренесува „Танјуг“ („Tanjug“).
Една нова студија покажа дека 77 проценти од Американците веруваат дека вакцините што се развиваат во САД (USA) најверојатно ќе бидат одобрени пред нивната безбедност и ефикасност да бидат целосно тестирани.
Околу 78 проценти од над 10.000 учесници во студијата наведоа загриженост дека процесот на лиценцирање на вакцините ќе биде пребрз и дека безбедноста и ефикасноста на вакцината нема да бидат утврдени. Во споредба со тоа, само 20 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени дека објавувањето на вакцината на пазарот ќе биде пребавно.
Трамп (Trump): „Доволно вакцини за сите Американци до април 20201“
Претседателот на САД (USA), Доналд Трамп (Donald Trump) изјави дека 100 милиони дози на вакцина ќе бидат произведени до крајот на годината, и доволно за сите Американци да бидат вакцинирани до април 2021 година.
„Ќе произведеме најмалку 100 милиони дози до крајот на годината, а потоа најверојатно многу повеќе, стотици милиони дози ќе бидат достапни секој месец и очекуваме да имаме доволно вакцини за сите Американци до април“, рече Трамп (Trump) на прес-конференција во Белата куќа.
Тој не прецизираше кои производители ќе можат да ги доставуваат тие количини на вакцина, но две компании – „Модерна“ („Moderna“) и „Фајзер“ („Pfizer“) се во третата активна фаза на клинички испитувања на експериментални вакцини.
Двете компании потпишаа договор со американската влада за испорака на стотици милиони дози, па американските здравствени власти започнаа со подготовки за да можат да ги чуваат и да ги испорачуваат првите пратки во октомври, 24 часа по одобрувањето на вакцината од Агенцијата за лекови.
„Dubai-Portal“
„Sputnik“










