Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека ќе набави воени авиони и фрегати за морнарицата за да го зајакне одбранбениот систем на земјата. Тој во неговиот говор на „Thessaloniki Helexpo Forum“ во Солун, зборуваше и за мерките за зајакнување здравствениот систем и поддршка на економијата.
Мицотакис рече дека ќе набават 18 воени авиони „Rafale“ и замена на старите „Mirage“, како и четири нови фрегати во флотата на воената морнарица, модернизација на четири фрегати, нови противтенковски оружја за армијата, нови 15.000 вработувања во армијата, активирање на одбранбената индустрија.
Меѓународниот саем во Солун е местото од каде што премиерот на Грција, традиционално секој септември ги соопштува владината програма, следните планови и иницијативи, но оваа година, поради пандемијата беше откажан и наместо саемот се одржува политичко- економски форум, во чии рамки говореше Мицотакис.
Грчкиот премиер рече дека додека светот е под опсада на двојната криза, здравствената и економската, Грција „продолжува да управува и со националниот фронт, кој станува сè покритичен, бидејќи Анкара ги загрозува источните граници на Европа и ја поткопува безбедноста на чувствителната крстосница на три континенти“.
R.S.E









