РАС АЛ АЈН (АА) – Во два истовремени терористички напади во градот Рас ал-Ајн, во северна Сирија, ранети се 21 цивил, јавува Агенција Анадолија (AA).

Локални извори наведуваат дека е активирана бомба поставена во близина на зградата од Дирекцијата на поштата во центарот на градот, што предизвикало голема експлозија во која ранети се 21 цивил, најголем дел жени и деца.

Ранетите се пренесени во болница, а на зградите и на продавниците причинета е голема материјална штета.

Веднаш по првата експлозија на влезот во центарот на градот активирана е бомба поставена на мотоцикл. Сè уште не е познато дали има жртви во тој напад.

Локалните сили за безбедност започнаа истрага за нападите, наведувајќи дека постои можност зад нападите да стои терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Подрачјето на Рас ал-Ајн со турската операција „Извор на мирот“ на 12 октомври 2019 беше ослободено од терористите на ЈПГ/ПКК. Меѓутоа, и денес, цели на напади на терористите се подрачјата на Рас ал-Ајн и Тел Абјад.

Anadolu