Кандидатот за претседател на САД од демократите, Џо Бајден, објави погрешен број во врска со починатите од Ковид-19 во американската војска, велејќи дека над 6.000 припадници на војската починале од последиците на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Заразени од Ковид-19 во војската: 118.984. Починати од Ковид-19 во војската: 6.114. Луѓе, секој од овие животи беше важен“, изјави Бајден на предизборната кампања во Мичиген.
„Вистинскиот број на случаи во војската е 40.026 заразени и 7 починати од последиците на вирусот“, се соопштува од Одделот за одбрана.
Подоцна, претставник на кампањата од тимот на Бајден за „Си-ен-ен“ (CNN) изјави дека поранешниот потпретседател во својот говор го цититрал бројот на случаи и смртни случаи за Мичиген.
Сепак, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, Мичиген има 118.902 случаи на заразување и 6.811 починати.
Ова не е првпат Бајден да направи гаф. Во јуни, тој рече дека 120 милиони Американци починале од коронавирусот, додека вкупниот број тогаш бил 124.000.
„Луѓето немаат работа. Луѓето не знаат каде да одат. Тие не знаат што да прават. Сега имаме над 120 милиони починати од последиците на Ковид-19“, имаше изјавено Бајден.
Anadolu









