АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, Ердоган имал одделни телефонски разговори со Тачи и Вучиќ.

Разговарано е за зајакнување на односите меѓу Турција и Косово, и Турција и Србија, како и за регионот.

Соговорниците се согласиле да продолжат со блиската соработка и консултациите за билатералните и регионалните прашања.

Anadolu