КАРТУМ (АА) – Суданските власти денеска соопштија дека бројот на загинати во поплавите во земјата предизвикани од обилните сезонски врнежи од дожд се искачил на 103, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Судан се наведува дека во пороите и поплавите загинале 103 лица, а 50 се повредени.

Министерството додаде дека во поплавите уништени се 27.341 дом, додека 42.210 домови претрпеле делумно оштетување.

Поплавите предизвикаа штета и на 1.702 хектари земјоделска површина, на 179 објекти и 359 продавници и магацини, а угинаа и 5.482 грла добиток.

Во саботата, Советот за одбрана и безбедност на Судан прогласи вонредна состојба во државата на три месеци и ја назначи земјата за „зона на природна катастрофа“ поради поплавите.

Сезонските дождови во Судан започнуваат во јуни и продолжуваат до октомври.

Anadolu