Белорускиот претседател Александер Лукашенко во интервју за претставниците на некои руски медиуми направи проценка на политичката ситуација во земјата.
Лукашенко истакна дека протестите коишто се одржуваат во земјата по одржаните претседателски избори се контролираат од страна на една апликација преку социјални медиуми и го рече следното: „Доколку денеска падне Белорусија, ќе падне и Русија.“
Велејќи дека протестите против изборните резултати се контролираат преку социјалните медиуми, Лукашенко наведе дека со овој метод не може да се справи и Русија.
Тој истакна дека по ова прашање разговарал со неколку претседатели и дека воедно го предупредил и рускиот претседател Владимир Путин во однос на тоа дека не би можел да се справи со овој метод.
„Како се спротивставувате на Телеграм-каналите? Дали располагате со способност за спречување на овие канали? Никој не може да ги спречи овие канали, дури и оној кој ја создал оваа мрежа.“ – рече Лукашенко.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко нагласи дека некои канали на апликацијата Телеграм одигруваат главна улога во организирањето и дека овој метод го измислиле САД и сега како што наведе успеаја да го применуваат во Белорусија.
Велејќи дека нема да вреди да се прекине интернетот, бидејќи овие канали со коишто се управува од Полска не можат да се прекинат целосно, Лукашенко исто така застана и во одбрана на тоа дека во блиско време и Русија наеднаш ќе почне да се соочува со одредени политички настани.
„Знаете ли до какво мислење стигнавме ние заедно со руските институции и раководството? Доколку денеска падне Белорусија, по неја ќе падне и Русија.“ – рече белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Инаку, по претседателските избори во Белорусија коишто се одржаа на 9 август и на кои победи актуелниот претседател Александер Лукашенко започнаа протести со тврдења за измама на изборите и овие протести продолжуваат.
TRT









