ТРИПОЛИ (АА) – Нелегитимните милитантни сили лојални на Калифа Хафтар распоредија 80 воени возила во близина на Сирт, изјави портпаролот на Вооружените сили на либиската Влада, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну, изјави дека воениот конвој се упатил кон Вади ал Луд, нагласувајќи дека ваквиот потег се случил откако силите на Хафтар го прекршиле прекинот на огнот петпати.

Владата на национално единство на 21 август објави прекин на огнот и ѝ нареди на војската да ги запре операциите против милитантите на Хафтар.

Сепак, на 27 август, либиската Армија објави дека прекинот на огнот за првпат е нарушен од силите лојални на Хафтар, кои испалиле десетици ракети кон позициите на Армијата западно од Сирт.

Во Либија владее граѓанска војна од соборувањето на лидерот Моамер Гадафи во 2011 година. Новата Влада на земјата е формирана во 2015 година во рамки на договорот склучен со посредство на ОН, но напорите за долгорочно политичко решение не успеаја поради воената офанзива на водачот на силите од источна Либија.

Легитимната Влада на Либија од минатиот април е под напади на силите на Хафтар, во кои загинаа над 1.000 лица. ОН ја признаваат либиската Влада предводена од Фајез ал Сараџ како легитимна власт во земјата.

Anadolu