Во успешна операција за пребарување на големиот кит во каналот „Велебит“ („Velebit“) во август 2020 година, истражувачите од хрватскиот музеј на природна историја и институтот „Син Свет“ („Blue World“) успеаја да го снимаат со дрон, прекрасниот кит и бидејќи извештаите за китови во јужниот дел на каналот Велебит продолжија во септември, истражувачите повторно излегоа на терен, пишува Институтот „Син Свет“ („Blue World“).

Големиот кит беше пронајден во саботата, на 5 септември, на самиот влез во Новска клисура (Novsko ždrilo). Китот го следеле околу два часа во самата клисура кога пливал до новиот „Масленички“ мост („Maslenički“ mosta) и се вратил на каналот „Велебит“ („Velebit“). По напуштањето на клисурата, китот испливал во правец на Вињерац (Vinjerc), а бидејќи нуркањата му траеле до 38 минути, истражувачите се откажале од понатамошно следење и снимање.

Сепак, прегледувајќи ги направените фотографии, тие утврдиле дека не е истиот кит што живеел во таа област во средината на август, туку поинаков кит!

Фотографиите ги потврдија извештаите на граѓаните дека најмалку два големи китови живеат на северот на Јадранот. Во текот на утрото на 6 септември, истражувачите повторно излегоа на море и го пронајдоа истиот голем кит малку подалеку од север од самата Новска клисура (Novsko ždrilo).

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=GmYJCO5xW1A[/embedyt]


„Dubai-Portal“

„N1Info“