АНКАРА (АА) – Американскиот претседател, Доналд Трамп, го повика кралот на Саудиска Арабија да преговара со другите заливски земји за решавање на раздорот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот Трамп го пофали претседавањето на Саудиска Арабија со Г20 и го поздрави отворањето на саудискиот воздушен простор за летови меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, почнувајќи со минатонеделниот историски комерцијален лет од Тел Авив во Абу Даби“, напиша на Твитер заменик-портпаролот на Белата куќа, Џад Дир.
Дир изјави дека Трамп во телефонскиот разговор со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ја нагласил важноста на абрахамскиот договор меѓу Израел и ОАЕ и дека дискутирале за начините за подобрување на регионалната безбедност и просперитет.
Трамп исто така го пофалил ‘цврството партнерство’ меѓу САД и Саудиска Арабија и му се заблагодарил на кралот Селман за неговото водство.
Тој минатиот месец најави договор меѓу Израел и ОАЕ за нормализирање на односите.
ОАЕ е првата заливска земја и трета арапска нација која има целосни дипломатски односи со Израел, по Египет и Јордан.
И покрај извештаите дека договорот го запрел контроверзниот план на Израел за анексирање на делови од Западниот Брег, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди континуираната посветеност на неговата влада да продолжи со плановите за анексија.
Палестинските групи го осудија договорот, велејќи дека тој нема да понуди ништо во корист на палестинската кауза и дека ги игнорира правата на Палестинците.
Anadolu







