ВАТИКАН (АА) – Папата Франциско вчера ја прифати оставката на американскиот свештеник обвинет за злоупотребување деца, на неколку недели пред да биде назначен за епископ во градот Дулут, во американската сојузна држава Минесота, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според локалните медиуми, Мајкл Џ. Малој (66) одлучил да даде оставка откако во август се појави обвинение дека на почетокот во 1980 година сексуално злоупотребувал малолетничка.

Малој требаше да стане епископ на 1 октомври.

Anadolu