ТРИПОЛИ (АА) – Либиската Армија заплени воен хеликоптер на припадниците на милициите лојални на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот од земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Одделот за заеднички операции на либиската Армија во Сирт и Џуфра, генерал Абдулхади Дирах, во изјавата за АА рече дека хеликоптер што им припаѓал на милициите на Хафтар е запленет од либиските армиски сили во регионот Ебу Кирејн, на истокот на главниот град Триполи.
Портпаролот Дирах истакна дека пилотот избегал веднаш по слетувањето.
Либискиот премиер, Фајез ал Сараџ, и челникот на Претставничкото собрание во Тобрук, Акиле Салих, на 21 август прогласија примирје во земјата.
И покрај примирјето, силите на Хафтар на 27 август во напад со 12 проектили за прв пат го прекршија примирјето. Исто така, примирјето го прекршија и на 2 септември во напад со 6 проектили.
Армиски извори изјавија дека досега нема жртви во овие напади.
Anadolu









