(Видео) Ѓоковиќ дисквалификуван од „УС Опен“: „Извинете, погрешив… Ова е животна лекција за мене!“

by Administrator

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ службено го загуби мечот од осминафиналето на УС Опен. Тој беше казнет затоа што со топче удри една од линиските судии.

И покрај извинувањето поради несмасниот потег, Ѓоковиќ беше драстично казнет од службените лица на Грен слемот во Њујорк.

Во моментот на инцидентот, се играше првиот сет и резултатот беше 6:5 за Карено-Буста.

Шпанецот се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со победникот од мечот Денис Шаповалов (Канада) – Давид Гофин (Белгија).

 

„Целата ситуација прави да се чувствувам празно и тажно. Проверив како се чувствува судијката и според информациите кои ги добив таа е добро. Навистина ми е жал што и направив таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Сакам ова непријатно искуство да го претворам во животна лекција како би можел да продолжам да растам и да се развивам и како тенисер, но пред се како човек. Им се извинувам на организаторите на УС опен. Благодарен сум на тимот и моето семејство и навивачите кои секогаш се со мене. Ви благодарам и навистина ми е жал. Ова беше тежок ден за сите“, напиша Ѓоковиќ.

You may also like