Швајцарија вчера официјално го заврши главниот тунел „Канери“, последната делница од директната железничка линија што под Алпите ги поврзува северна Европа и Медитеранот.

Photos: New Swiss Alps tunnel set to transform Europe's rail links | News-photos – Gulf News

 

 

Со отворањето на тунелот, долг 15,4 километри, означено е завршувањето на новиот железнички коридор под Алпите, вреден 22,8 милијарди швајцарски франци, кој се нарекува и швајцарски градежен проект на векот, јавува „Ројтерс“.

Со тунелот „Канери“, покрај постоечките – најдолгиот тунел во светот Готард (57 километри), кој е отворен во 2016 година, и тунелот Летшберг (34,6 километри), се заокружува системот што овозможува непречен превоз на товар од пристаништата во Ротердам и Ѓенова под алпскиот планински масив.

Тунелот „Канери“, кој се градше десет години и чинеше 3,6 милијарди франци, се очекува да биде пуштен во употреба на 13 декември годинава. Патувањето со воз од Милано до Цирих ќе биде скратено од четири на три часа, а ќе се воведат возови од Швајцарија и до Болоња и Ѓенова.

mms