ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција е политички, економски и воено способна да ги искине сите неморални карти и документи кои ѝ се наметнуваат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во Истанбул присуствуваше на свеченото отворање на Градската болница „Проф. д-р Сулејман Јалчин“ во Ѓозтепе.

„Ќе сфатат дека Турција е политички, економски и воено способна да ги искине и фрли сите неморални карти и документи кои ѝ се наметнуваат“, рече во обраќањето турскиот претседател.

Тој нагласи дека како Република Турција и како турски народ спремни се на сите можности и на сите исходи.

На отворањето на новата градска болница во Истанбул Ердоган истакна дека турскиот здравствен систем е стабилен, и покрај растечкиот број новозаразени со коронавирусот, и ги повика граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки.

„Првото значење на големите развојни чекори на Турција на сите полиња, вклучително и во здравството, е особено добро сфатено за време на пандемијата на Ковид-19“, рече Ердоган.

„Неопходно е сите заеднички да го надминеме злото на оваа пандемија за да не дозволиме државата да се удави во потокот откако го преброди морето“, порача Ердоган и додаде дека секој поединец може да им се заблагодари на здравствените работници за трудот и жртвата исклучиво со одговорно почитување на превентивните мерки.

Anadolu