РАМАЛА (АА) – Саиб Урејкат, генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (PLO), изјави дека Палестина е жртва на изборните амбиции на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Урејкат на својот профил на Твитер сподели писмена изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Косово ќе ги нормализира односите со Израел и дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим.
Истакнувајќи дека Трамп и неговиот тим можат да спроведат секакви практики, дури и ако го уништат мирот и светскиот поредок, само за да бидат реизбрани, Урејкат рече: „Американскиот претседател Трамп ја жртвуваше Палестина за своите изборни амбиции.“
Урејкат рече дека администрацијата на Трамп уште еднаш го прекршила меѓународното право, резолуциите на Обединетите нации (ОН) и правата на Палестинците, охрабрувајќи ги државите да го признаат анектираниот Ерусалим за главен град на Израел.
Истакнувајќи дека овој став на Трамп е исто со нормализацијата на односите меѓу ОАЕ и Израел, Урејкат ја повика Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) да преземат конкретни мерки против оние што промовираат насилства и повреди врз палестинската земја и народ.
Трамп во декември 2017 година соопшти дека САД официјално го признаваат Ерусалим за главен град на Израел и дека е донесена одлука да ја преместат Амбасадата на нивната земја од Тел Авив во Ерусалим.
Anadolu










